Екстремно топло време: Денес (понеделник 21 јули) во Македонија измерени над 40 степени!
Температура од речиси 42 степени е измерена денес (понеделник 21 јули) во Демир Капија, и таа е денешната максимална температура измерена во нашата Република Македонија. Инаку, времето насекаде е сончево и екстремно топло со слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Ветерот особено во западните предели повремено засилува на интензитет.

На табелата можете да ги видите и останатите температури измерени денес во нашата Република Македонија по градови и места, и тоа до 17 часот попладнево на мерните станици на УХМР.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Вечерва во Македонија имаме ладно време со температури кои во најголем дел се под нулата и има појава на слана и на мраз. Времето е претежно ведро со мала локална облачност а дува и слаб до умерен ветер претежно од источен правец. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени вечерва до 21 часот во Македонија.


by