ЕКСТРЕМНО ТОПЛО: Во Македонија следната седмица температури до 43 степени, во соседна Грција дури до 46 – 47 степени (под сенка)!

Конечно влегуваме во подолг период на стабилно, суво и на претежно сончево време, со слаб до умерен, а утре повремено засилен ветер од северен правец.

Меѓутоа како што и најавивме, најпогодени од очекуваниот екстремно топол Африкански бран следната седмица ќе бидеме токму ние, како и соседна Грција. Кај нас и тоа особено од среда па натаму, температурите на многу места ќе надминуваат 35 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели локално температурата ќе се искачу дури до 43 степени.

Уште потопло ќе биде во соседна Грција, каде локално температурите ќе се искачат дури до рекордни 46-47 степени.

Ув индексот следната седмица ќе има екстремно висока вредност (коефициент помеѓу 9 и 10). Апелираме граѓаните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, и кога сонцето е најсилно, но и да пијат што повеќе течности. Исто така и времето ќе биде спарно и мачно.

Екстремно топлиот Африкански бран кој ќе не зафати, кај нас ќе се задржи најмалку една недела (седум денови, можно е и повеќе).

Во Скопје и околината за време на овој голем топол Африкански бран температурата ќе се искачи до 40, 41 степени.

НАПОМЕНА: Очекуваните температури погоре наведени ќе се мерат под сенка, додека на сонце тие ќе бидат многу повисоки (локално над 50 степени).

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!

 







Занимливости

  • 24 Мар 2025

    Во изминатите 24 часа речиси насекаде во Македонија имаше врнежи од дожд со променлив интензитет, што значи дека повремено врнежите беа пообилни. Најмногу дожд во последните 24 часта, односно до 7 часот утринава наврнаа во Лазарополе, и тоа 29 литри на метар квадратен дожд. На табелата можете да ги погледнете измерените минимални температури во текот на денешното утро, односно [...]