Екстремно топло попладнево во Македонија – Измерени се 39 степени, наредните денови температури од над 40 степени
Попладнево во Македонија насекаде времето е екстремно топло, и тоа поради влијанието на екстремно топлата воздушна маса која од северните предели на Африка продира кон територијата на Македонија, но и на целиот Балкански Полуостров. Најтопло попладнево и тоа во 14 часот беше во Демир Капија со измерени 39 степени. Најсвежо беше во Крушево со измерени 30 степени.
Во Скопје температурата во 14 часот изнесуваше 35 степени и тоа на Зајчев Рид, додека на Скопје – Петровец таа изнесуваше 36 степени.
Во продолжение на табелата погледнете ги и останатите температури измерени по градови и места во Македонија во 14 часот попладнево, и тоа на мерните станици на УХМР
Во следните денови ќе биде уште потопло во Македонија, па така во најголем дел од државава температурите ќе се искачат до околу па и над 35 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина температурата ќе се искачи до 40 степени, локално дури и над 40 степени.
Насловната фотографија е превземена од Patuvanja.mk
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро (Велика сабота 19 април) во Македонија ни донесе сончево време со релативно високи температури на воздухот, а такво време не очекува целиот овој празничен викенд. На табелата можете да ги погледнете денешните минимални температури измерени по градови и места во нашата Република Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.