Екстремно топло и понатаму во Македонија: Измерени се 42 степени!
Територијата на нашата Република Македонија и понатаму се наоѓа под влијание на екстремно топлата воздушна маса која продира од југ, односно од Африка. Токму овој екстремно топол бран условува насекаде кај нас да имаме сончево и екстремно топло време со екстремно високи температури на воздухот.
Најтопло денес до 17 часот попладнево беше во Гевгелија, Демир Капија и во Велес со измерени 42 степени.

На табелата можете да ги видите и останатите температури измерени по градови и места попладнево до 17 часот, и тоа на мерните станици на УХМР. Станува збор за максимални дневни температури измерени во Македонија за денешниот ден (четврток 24 јули).
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден (Сабота 15 ноември) во нашата Република Македонија помина во знакот на натпросечно топло време за овој период од годината и со стабилно, суво и претежно сончево време со мала облачност и со слаб ветер од јужен правец. Нашата Македонија е под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) кој од југ и југозапад продира кон нашиот дел од [...]


by