ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ МЕТЕОРОЛОШКИ ФЕНОМЕН “ЕЛ НИЊО” НИ ДОНЕСЕ ЗИМСКИ ТЕМПЕРАТУРИ УТРИНАВА НА БАЛКАНОТ – ИЗМЕРЕНИ ДУРИ 2°C
Утрово ширум Балканскиот Полуостров беше НЕВООБИЧАЕНО СВЕЖО, па дури и СТУДЕНО за овој период од годината, и тоа поради продорот на МНОГУ ПОСВЕЖАТА воздушна маса од север.
Особено студено беше на планинските места и врвови, па така најниска температура е измерена на Кредарица во Словенија и на Бјелашница во Босна и Херцеговина (само 2 степени). Инаку доста свежо за овој период од годината беше на многу места низ регионот утринава, со температури и под 10 степени, понекаде дури и до близу 5 степени.
Кај нас во Македонија за разлика од останатите државави од Балканот беше потопло.
Во следните денови ќе биде ПОТОПЛО и тоа поради продор на ТОПЛА воздушна маса од југ, но екстремно високи температури не се очекуваат и највисоките дневни ширум Балканот, но и во Македонија ќе се искачуваа во интервалот од 27, 28 до 34 степени. Сепак се очекувааат нови ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ во Македонија, како и во делови од регионот, затоа АПЕЛИРАМЕ на КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.
Ние со време кажавме дека метеоролошкиот феномен “ЕЛ НИЊО” нема да донесе екстремно високи температури на воздухот кај нас ова лето, како што беше екстремно топло летото 2022 година. Овој метеоролошки феномен носи многу поголема топлина ширум европа, но не и кај нас. Кај нас истиот носи чести и големи временски непогоди, на кои сме сведоци и ќе бидеме сведоци и во иднина.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Утринава речиси насекаде во Македонија имавме минусни температури, но од друга страна, облачноста од запад полека се зголемува и истата е знак на новиот ладен и влажен бран кој од денес попладне ќе ја зафати нашата Македонија. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со -5 степени, додека највисока температура од 1 степен е измерена во Претор и [...]