ЕКСТРЕМНА ТОПЛИНА: Во Македонија измерени 40, во Албанија дури 44 степени!
Територијата на нашата Република Македонија, а особено регионот се зафатени од екстремно топол бран од југ, односно од Африка и истиот условува да имаме екстремно високи температури на воздухот. Времето денес (понеделник 11 август) насекаде кај нас беше сончево и многу топло а повремено засилуваше ветер од источен и од североисточен правец.
Најтопло денес беше во Скопје Зајчеврид каде максималната температура се искачи до 40 степени. Инаку, насекаде во нашата Македонија денес температурите надминуваа 30, а на повеќе места и 35 степени.

На метеоролошката карта можете да ги видите денешните максимални температури на воздухот измерени во нашата Македонија. Исто така на метеоролошката карта може да се види дека во соседна Албанија беше многу потопло за разлика од кај нас па така на многу места температурите надминуваа 40 степени, а во делови од Албанија температурите се приближија дури до 45 степени, односно до 44 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]


by