ЕКСКЛУЗИВНА МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА СЛЕДНИОТ ПЕРИОД, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГО И ПРВИ МАЈ!
Поради ведрото време, утре во Македонија утрото ќе биде СТУДЕНО со НИСКИ температури на воздухот кој ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 8 степени. Локално ќе има појава на СЛАНА и на МРАЗ.
Утре и во сабота времето ќе се задржи претежно сончево и стабилно, додека од недела па натаму, вклучувајќи го и први мај во попладневните часови ќе има повеќе облачност и локално ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот во зоната на нестабилност.
Максималните дневни температури пак ќе бележат тенденција на пораст, и тоа поради продор на потопла воздушна маса од југ, што значи дека особено за викендот максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени, и тоа особено во недела.
Во Скопје и околината очекуваме слично време со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 16 и 21 степен.
Барем според сегашните достапни анализи, во текот на следната седмица повторно очекуваме посвежо време од вообичаеното и почести, како и поинтензивни врнежи од дожд. Повремено на највисоките планински врвови ќе има услови за провејување на СНЕГ, што значи дека и за први мај Атмосферата нема да ни биде целосно стабилна.
Засега нема никаква најава за продор на Африканска топлина во нашите краишта, дури можно е и првата половина од мај да ја поминеме во знакот на постудено време од вообичаеното и со почести и поинтензивни врнежи.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Полека од север кон нашата Македонија пробива влажниот и ладен воздух, кој понатаму ќе условува кај нас врнежи од дожд, снег, северен ветер, како и зголемување и проширување на снежната покривка. На картата можете да ги погледнете измерените температури во овие рани утрински часови низ нашата Република Македонија.