Допрва доаѓа жешкото време кај нас – се очекуваат 45 степени (под сенка) – На сонце над 50 степени!

објавено на:

22 Јул 2023

од:

сподели:

Големиот топлотен Африкански бран кај нас во следниот период ќе го достигне својот максимум, по што следува освежување на времето и пад на температурите на воздухот, како и северен ветер.

Продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време, но ќе дува ветер од западен правец и истиот во деновите пред нас повремено ќе биде засилен на интензитет. Ув индексот и понатаму ќе има екстремно висока вредност (вредност 10), па затоа на граѓаните им препорачуваме без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), но и да пијат што повеќе течности.

Температурите кај нас понатаму ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 43, 44 степени, додека во понеделник и во вторник во најтоплите централни и југоисточни предели од Македонија тие може да се искачат дури до, па и над 45 степени. Преќу ноќ температурите на повеќе места нема да се спуштаат под 20 степени, што значи дека ноќите ќе бидат “Тропски”.

Во Скопје  и околината температурата во следните денови ќе се искачува до околу, повремено и над 40 степени.

НАПОМЕНА: Горе наведените максимални температури на воздухот ќе се мерат под сенка, додека на сонце тие ќе бидат многу повисоки и локално ќе се искачуваат и над 50 степени, понекаде можно е тие да се искачат дури до околу 60 степени.

Барем според моменталните анализи, освежување на времето и пад на температурите очекуваме од ноќта среда према четврток. Детална анализа околу ова следува деновиве.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.