ДОПРВА ДОАЃА НЕВРЕМЕТО – ОД ЧЕТВРТОК ДОСТА ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ – СЕ ОЧЕКУВААТ ЛОКАЛНИ ПОПЛАВИ!
Главното со временските непогоди и обилните дождови допрва доаѓа и тоа со влијанието на циклонот од Средоземјето.
Утре попладне на повеќе места, а од четврток до недела низ целата територија на Македонија ќе има врнежи, грмежи и повремено засилен ветер. Локално врнежите ќе бидат ОСОБЕНО ОБИЛНИ.
Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со многу обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
Локално до недела ќе наврне ГОЛЕМО количество на воден талог (над 60/70 л/м2 воден талог). Токму поради ова постои опасност од нови локални поплави, АПЕЛИРАМЕ граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.
Исто така поради очекуваните обилни врнежи, можно е излевање на некои реки, особено оние помалите.
Температурите во следните денови повторно ќе бележат тенденција на ПАД, и ќе бидат потпросечни за овој период од годината и локално ќе се спуштат дури и под 20 степени преку ден, а во најтоплите предели тие ќе се искачат до околу 24, 25 степени.
Во Скопје исто така се очекуваат ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи, а можно е и НЕВРЕМЕ во делови од котлината. Температурата особено за викендот ќе биде во пад и ќе се искачува до околу 20 степени.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Климатскиот феномен Ла Ниња под кое влијание сме во моментов, во следните месеци, односно во летните и есенските месеци повторно ќе добие на интензитет, односно ќе се интензивира. Што значи тое? Тоа значи дека во следните летни и есенски месеци ни следуваат нови нагли и големи метеоролошки промени, исто така, очекуваме и се по екстремни метеоролошки појави и временски [...]
Балкан / Занимливости / Македонија / Прогноза