ДОПОЛНИТЕЛНО СПУШТАЊЕ НА ЛАДНИОТ БРАН ОД СЕВЕР: Денешното утро во Македонија донесе најниска температура од -7 степени
Изминатата ноќ во Битола и околината ги имавме првите врнежи од снег за оваа сезона, а од утринава настапува постепено разведрување на времето во Македонија. Токму поради ова ова утро имавме дополнително заладување на времето кај нас.
Најниска температура од -7 степени утрово е измерена на Попова Шапка, додека од градовите најстудено беше во Крива Паланка со -1 степен, додека највисока температура утрово е измерена во Гевгелија, и тоа 5 степени.
На табелата можете да ги погледнете и останатите минимални температури измерени ова утро во Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во изминатите 24 часа речиси насекаде во Македонија имаше врнежи од дожд со променлив интензитет, што значи дека повремено врнежите беа пообилни. Најмногу дожд во последните 24 часта, односно до 7 часот утринава наврнаа во Лазарополе, и тоа 29 литри на метар квадратен дожд. На табелата можете да ги погледнете измерените минимални температури во текот на денешното утро, односно [...]