ДОДЕКА БАЛКАНОТ Е ПОД СНЕГ – ПОГЛЕДНЕТЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ НИЕ ВО МАКЕДОНИЈА ДО САМИОТ КРАЈ ОД ОВАА НЕДЕЛА…
Под влијание на циклонска активност, како и на серија влажни воздушни бранови во Македонија до самиот крај од оваа недела времето ќе биде променливо облачно и РЕЛАТИВНО ТОПЛО со НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ температури на воздухот но и со сончеви периоди. Ќе има и повремени врнежи од дожд и истите повремено и локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ.
Влажен снег ќе врне само на највисоките планински места.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец и истиот повремено и тоа особено Долж Повардарието ќе засилува на интензитет.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 15 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели истите ќе се искачат и над 15 степени (односно до околу 17 степени).
Во Скопје иоколината времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Ќе има и повремени врнежи од дожд, а ќе биде и релативно топло со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 13 и 15 степени.
НАПОМЕНА: До четврток во Атмосферата ќе ни биде присутна Сахарска прашина и песок, со што истата ќе биде заматена а времето ќе биде претежно мачно. Исто така локално ќе има услови и за ретка појава на грмежи и ЗАСИЛЕН ветер во зоната на нестабилност.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Територијата на Македонија во изминатите 24 часа до 8 часот утрово 22 април 2026 среда се наоѓаше под влијание на ладен атмосферски фронт кој се спушта од север и истиот услови над нашиот дел од Европскиот Континент да се формираат големи влажни воздушни кои насекаде условија да имаме врнежи од дожд повремено обилни особено и најобилни врнежите беа во [...]

by