ДОАЃААТ СНЕГУЛКИТЕ: Следната седмица особено студено, наутро температури близу -10 степени!
Студениот период кој не зафати деновиве ќе се задржи и во следниот период, па и во текот на речиси цела наредна седмица. Покрај ова, следната седмица ќе биде уште постудена од оваа со максималните дневни температури кој на многу места нема да надминуваат 10 степени, па и ќе се задржат под 10 степени. Само во југоисточните предели тие ќе се искачат до околу 14 степени.
Мора да напоменам дека особено наутро и тоа во почетокот на следната седмица ќе биде особено студено со минимални температури кои во поголем дел од државава и понатаму ќе се спуштаат под нулата. Понекаде, особено на високите места, како и во Беровскиот регион наутро температурата се очекува да се спушти дури до близу -10 степени.
Исто така, во почетокот на следната седмица ќе има и повремени локални врнежи од дожд, додека на повисоките места и на планините ќе има повремен снег, со што можно е да се формира помала снежна покривка. Не се исклучува можноста за прв пат оваа сезона по некоја снегулка да провее и на местата со помала надморска височина.
Се на се, зимата и тоа како ја чувствуваме деновиве, особено во ноќните и во утринските часови, а со уште поголем интензитет ќе ја чувствуваме следната седмица.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро (Велика сабота 19 април) во Македонија ни донесе сончево време со релативно високи температури на воздухот, а такво време не очекува целиот овој празничен викенд. На табелата можете да ги погледнете денешните минимални температури измерени по градови и места во нашата Република Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.