ДОАЃА ВИСТИНСКАТА ЗИМА НА БАЛКАНОТ: Силен Арктички бран со себе носи длабок минус и многу снег!
Натпросечното топло време за овој период од годината на Балканот, вклучувајќи ја и нашата Македонија ќе потрае се до 7.1.2024, по што следува силен продор на поларен бран од Арктикот и многу снег на Балканскиот Полуостров.
Силен циклон кој ќе се формира над Јадранот за време на викендот ќе донесе многу дожд, а потоа и многу снег во регионот. Во исто време од Арктикот ќе ни се спушта многу студен воздух кој во деновите потоа ќе ги спушти температурите во длабок минус и тие ќе бидат под просекот.
Според сегашните ажурирања на нумеричките модели ширум регионот температурите ќе се спуштат и под -15 степени (понекаде до -20 степени). Североисточно од нас ќе биде дури и многу постудено. Речиси целиот Европски Континент ќе биде зафатен од овој Арктички бран.
Овој поларен бран ќе ја зафати и Македонија, допрва ќе се утрдува дали и во Македонија ќе има значителна снежна покивка како во регионот.
Во следните наши објави, секако и со новите понатамошни ажурирања на нумеричките модели состојбата ќе биде многу појасна. Едно е сигурно, а тоа е дека Арктичкиот бран ќе не зафати.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во Македонија попладнево имаме изразена температура инверзија, односно котлините се под густа магла и ниска облачност, каде е многу ладно со минусни температури, додека на планините и на Скијачките центри може да се каже дека е пролет каде има и многу сонце со температури до околу, па дури и над 10 степени. На картата од Neverin.hr може да се [...]