ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: Балканот и Македонија за краток период би можеле да бидат погодени дури од три ледени бранови од Арктикот!

Судејќи барем според моменталните анализи со кои ние располагаме, Балканот и Македонија ќе бидат зафатени дури од три озбилни удари на поларниот вртлог до крајот на овој, и на самиот почеток од месец декември, а првиот доаѓа уште од овој викенд и ќе донесе врнежи од дожд, снег и снежна покривка на планините и на Скијачките центри.

Снежната граница за време на викендот ќе се спушти некаде до 700 – 800 метри надморска височина, со што локално провејување на снег ќе има и во повисоките градови, како што се Берово, Крива Паланка и други. Сето ова ќе биде проследено со засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина до околу 80 км/час).

За време на викендот, како и на самиот почеток од следната седмица го очекуваме и првиот мраз на многу места низ Македонија и тогаш утринските температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 3 степени. Максималните дневни температури пак за време на викендот ќе бележат тенденција на голем пад и ќе се искачуваат во интервалот само од 2 до 11 степени.

Многу променлива и со чести врнежи ќе биде  и следната седмица, а вториот озбилен удар на поларниот вртлог кај нас го очекуваме околу 27 ноември, додека третиот на самиот крај од овој, и во почетокот на месец декември. Токму овие два избилни удари на поларниот вртлог ќе донесат  и вистинска снежна бајка на Балканот, но и во Македонија.

  • НАПОМЕНА: Состојбата будно ќе ја следиме, и за секоја ново – настаната временска состојба граѓаните навремено ќе бидат информирани. Поради тоа што станува збор за подолгорочна анализа на времето промени во истата се можни, затоа го изјавуваме токму и ова, за да не дојде до забуна кај граѓаните доколку дојде до некои промени во анализата понатаму.

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!







Занимливости