ДОАЃА ОГРОМНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Следната седмица на Балканот му се закануваат големи поплави
Почитувани мои, како што и претходно најавив, големата промена на времето во текот на следната седмица на Балканот му е загарантирана, а со оваа промена доаѓа и крајот на долгото тропско лето. Оваа голема промена на времето која ја очекуваме уште од понеделник (9.9.2024), ќе донесе и опасност од големи поплави на повеќе места низ регионот.
Станува збор за циклонски систем кој ќе биде со центар некаде над Средоземјето и истиот полека ќе се преместува према Јадранот. Во ваква ситуација на многу места ќе има доста обилни врнежи од дожд, проследени со грмежи, силен ветер како и локална појава на силно невреме, а можна е и појава на град.
Екстремно количество на воден талог во текот на следната седмица очекуваме да падне во Алпскиот Регион, потоа долж обалата на Јадранот како и на северен Јадран, во поголем дел од Хрватска, северот и северозападот на Босна и Херцеговина, како и во Црна Гора и Албанија. Во овие делови очекувме локално да наврне и над 200 литри дожд на м/2, локално и над 250/300 литри дожд на м/2.
Апелираме нашите граѓани кои се наоѓаат во овие области, но и оние кои планираат одмор некаде во регионот, во никој случај тоа да не го прават во текот на следната седмица, и да не патуваат на овие места, и тоа поради очекуваните големи поплави. Температурите драстично ќе паднат и тие ќе бидат далеку потпросечни за месец септември, и повеќе ќе наликуваат како за ноември, од колку за септември месец.
Значително количество на воден талог во текот на следната седмица се очекува и во Македонија, на повеќе места ќе наврне над 30 литри дожд на м/2, локално и над 50 литри дожд на м/2, со што и во Македонија се можни локални поројни поплавувања. Температурите драстично ќе паднат и кај нас, особено во вториот дел од следната седмица.
Секако, доколку пак ја одберете дестинацијата за одмор соседна Грција, и таму очекуваме доста обилни врнежи во текот на следната седмица и голем пад на температурите. И во оваа соседна држава не се исклучува можноста од локални поројни поплавувања, што значи нема да ви биде во прилог да одете на одмор и во оваа соседна наша држава.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Вечерва во нашата Република Македонија имаме многу ладно и променливо облачно време, а полека започнува да дува и засилен ветер од северен правец. Поради понатамошно спуштање на многу ладен воздух од североисток, поточно од Русија, температурите понатаму ќе продолжат дополнително да опаѓаат. На табелата можете да ги погледнете температурите низ Македонија измерени вечерва до 19 часот по градови и [...]