ДОАЃА НОВ СТУДЕН БРАН НА БАЛКАНОТ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ЈА И МАКЕДОНИЈА! ДАЛИ Е ПОСЛЕДЕН?!

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од запад и од северозапад, од понеделник до среда времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, во попладневните часови со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на суградица и на град.

И во Скопје и околината се очекува слично време.

Од среда ќе започне да дува умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец а температурите ќе бележат тенденција на опаѓање, со што на највисоките планински врвови на запад и на северозапад ќе провејува и СНЕГ.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, додека во централните и југоисточните предели истите ќе се искачат и до околу 25 степени. Од среда поради продорот на посвеж воздух од север температурите ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени, што значи дека ќе бидат пониски.

На средината од следната седмица во Македонија во утринските часови повторно е можна појава на МРАЗ.

Инаку на средината од следната седмица и целиот Балкански Полуостров ќе биде зафатен од студен бран, кој ќе донесе дождови и нов снег на планинските места, а температурите ќе бидат под просекот за крајот на месец април. Наутро ќе има појава на МРАЗ.

Се надеваме дека овој студен бран ќе биде последниот за оваа сезона, но ќе видиме како ќе се одвиваат работите понатаму на нумеричките модели.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!







Занимливости