Доаѓа нов циклон од запад – Обилни дождови, снег на планините и првата позначителна снежна покривка за оваа сезона!

По краткотрајната стабилизација на времето која пристигна во Македонија, во среда во попладневните и во вечерните часови повторно од северозапад облачноста ќе се зголеми и ќе има нови врнежи од дожд од локален карактер, а ќе започне да дува и умерен до засилен ветер од северен правец.

Потоа во четврток повторно следува краткотрајна стабилизација на времето.

Веќе од петок попладне, како и за време на викендот под влијание на нова циклонска активност од запад повторно ќе имаме нови обилни врнежи од дожд. Во петок ветерот ќе биде од јужен правец, додека за време на викендот ќе дува засилен ветер од северен правец, со што од север кон нашата територија ќе се спушти постуден воздух, а температурите значително ќе опаднат.

Токму овој студен бран на планините ќе предизвика врнежите од дожд да преминат во врнежи од снег. Овој пат снежната граница ќе се спушти до 1500 м.н.в.

За време на викендот, а особено во недела наутро го очекуваме и првиот мраз за оваа сезона на повеќе места, што значи на многу места низ Македонија температурата во недела наутро ќе се спушти до околу 0 степени, а понекаде и за некој степен под нулата.

Максималните дневни температури на воздухот за време на викендот пак ќе се искачуваат во интервалот  само 7 до 13 степени.

  • Да напоменеме дека за време на викендот кој доаѓа на планините кај нас, но и во регионот ќе дојде до формирање на првата позначителна снежна покривка. Се очекува формирање на снежна покривка од 10 до 20 сантиметри, понекаде и повеќе.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!







Занимливости