ДОАЃА НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: ВО СЛЕДНИОТ ПЕРИОД МОЖНИ ЛОКАЛНИ ПОПЛАВУВАЊА ПОРАДИ ГОЛЕМОТО КОЛИЧЕСТВО НА ВОДЕН ТАЛОГ!
Во следните денови се поизразена ќе биде нестабилноста во Македонија, а ќе има и се почести поројни врнежи од дожд на МНОГУ МЕСТА.
Нашата територија до првите денови од месец јуни ќе се наоѓа под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот, како и на влажна и на нестабилна воздушна маса. Времето ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди.
Од пладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во Атмосферата, локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.
Во периодот пред нас, врнежите повремено ќе бидат ДОСТА ИНТЕНЗИВНИ и локално се очекува да наврне ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 60 л/м2). Токму поради ова постои опасност од локални ПОПЛАВУВАЊА, АПЕЛИРАМЕ граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.
Во Скопје и околината исто така ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на НЕВРЕМЕ во делови од котлината.
Температурите ќе бидат околу просекот за овој период од годината, и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 26 степени, што значи за првиот поизразен топол Африкански бран и понатаму ќе се изначекаме.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Утринава речиси насекаде во Македонија имавме минусни температури, но од друга страна, облачноста од запад полека се зголемува и истата е знак на новиот ладен и влажен бран кој од денес попладне ќе ја зафати нашата Македонија. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со -5 степени, додека највисока температура од 1 степен е измерена во Претор и [...]