ДОАЃА НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Следуваат нови врнежи, грмежи, силен ветер, а доаѓа и снегот!
Утре (понеделник 17 март) под влијание на висински циклон западно од нас, во нашата Република Македонија ќе имаме нови повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, како и со силен ветер од западен и од северозападен правец. Локално пак, процесите ќе бидат во форма на невреме, односно поинтензивни.
Поради падот на температурите, на планините над 1400/1500 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и ќе се формира снежна покривка. Во попладневните часови од утрешниот ден (понеделник 17 март) полека снежната граница од север и северозапад ќе се спушта се пониско.
И во Скопскиот регион утре (понеделник 17 март) ќе има повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината ќе бидат поројни и проследени со грмежи, како и со силен ветер, во вид на невреме. На околните планини, особено од попладневните часови врнежите од дожд ќе преминуваат во снег.
Што се однесува до температурите, тие утре (понеделник 17 март) ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени, во Скопје до околу 16/17 степени, меѓутоа, од попладневните часови и навечер тие забрзано и значително ќе опаѓаат.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во изминатите 24 часа во Македонија имавме многу нестабилна Атмосфера, и тоа поради притката фронтална долина која е распространета во југоисточна Европа, секако и во нашата Република Македонија. На повеќе места се забележаа поројни врнежи од дожд, грмежи како и засилен ветер. Процесите локално беа и поинтензивни во форма на невреме. На табелата можете да ги видете денешните измерени [...]