ДОАЃА КРАТКОТРАЈНА ПРОЛЕТ ВО МАКЕДОНИЈА: Утре и во сабота (31 јануари и 1 февруари) температури до близу 20 степени!
Под влијание на значително потопла воздушна маса од југ, утре и во сабота (31 јануари и 1 февруари) во Македонија ќе имаме значително потопло време со натпросечни температури на воздухот за овој период од годината, како и многу повеќе сончеви периоди. Сепак, особено во ноќните и во утринските часови по котлините ќе има магла и ниска облачност, секако, вклучувајќи ја и Скопската котлина. Ќе дува претежно слаб ветер од променлив правец.
Што се однесува до температурите, тие наутро речиси насекаде ќе бидат позитивни, односно над нулата, додека максималните дневни температури на воздухот ќе бидат пролетни и ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени, додека во југоисточните предели тие би можеле да се искачат дури и до околу 20 степени.
Во Скопје утре и во сабота (31 јануари и 1 февруари) максималната температура ќе се искачува до пролетни 16 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Полека од север кон нашата Македонија пробива влажниот и ладен воздух, кој понатаму ќе условува кај нас врнежи од дожд, снег, северен ветер, како и зголемување и проширување на снежната покривка. На картата можете да ги погледнете измерените температури во овие рани утрински часови низ нашата Република Македонија.