ДОАЃА НОВА ТУРА НА МНОГУ ДОЖД: НАЈГОЛЕМО КОЛИЧЕСТВО НА ВРНЕЖИ СЕ ОЧЕКУВА ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА!

објавено на:

22 Ное 2022

од:

сподели:

Денес особено попладне и навечер, како и во текот на ноќта ќе има нови врнежи од дожд а снег ќе врне само на највисоките планински места.

Локално ќе наврне ЗНАЧИТЕЛНО КОЛИЧЕСТВО на воден талог (над 30 л/м2). Ќе дува и засилен до повремено СИЛЕН ветер од јужен и од југоисточен правец (над 65 км/час). Потоа во среда сеуште ќе има локални врнежи а во четврток и петок ќе имаме постабилно и суво време. Барем одсега гледано нови врнежи ќе има за време на викендот.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 15 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува повремено да се искачуваат до околу 18 степени. Во Скопскиот регион исто така денес попладне и во текот на ноќта ќе има нови врнежи од дожд проследени со засилен ветер од југоисточен правец.

Понатаму следува најнова детална и обновена анализа на времето. Следете!

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!







Занимливости