До самиот крај на овој месец пролетни, до рано-летни температури и претежно стабилно и сончево време
До самиот крај на овој месец во Македонија ќе имаме претежно стабилно, суво и претежно сончево време. Денес ќе има појава на мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови особено во планинските предели ќе има услови за локална краткотрајна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Наутро температурите насекаде ќе бидат над нулата, а максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени, додека веќе од утре па во следните денови тие ќе бидат уште повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени.
Во Скопје и околината ќе имаме слично време.
Почитувани наши, уживајте во преубавото пролетно време кое е пред нас, а викендов искористете го за прошетка или пак за скара во природа.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во Македонија попладнево имаме изразена температура инверзија, односно котлините се под густа магла и ниска облачност, каде е многу ладно со минусни температури, додека на планините и на Скијачките центри може да се каже дека е пролет каде има и многу сонце со температури до околу, па дури и над 10 степени. На картата од Neverin.hr може да се [...]