ДО САМИОТ КРАЈ НА ОВОЈ МЕСЕЦ БЕЗ ПОГОЛЕМА АФРИКАНСКА ТОПЛИНА – ПОСТОЈАНО ЌЕ БИДЕМЕ ПОД ВЛИЈАНИЕ НА СВЕЖИ И ВЛАЖНИ ВОЗДУШНИ БРАНОВИ ОД СЕВЕР!

објавено на:

09 Мај 2023

од:

сподели:

Под влијание на влажна и СВЕЖА воздушна маса од север, се до крајот на оваа, како и во почетокот на следната недела времето во Македонија ќе биде променливо облачно и релативно СВЕЖО за овој период од годината со потпросечни температури на воздухот. Ќе има и повремени врнежи од дожд со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет.

Од утре, па во деновите потоа ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Во почетокот на следната седмица ќе има и локална појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.  Наутро температурите на многу места ќе се спуштаат и под 10 степени, а максималните дневни температури на воздхот ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени, а во југоисточните предели истите повремено ќе се искачуваат и до 20 степени.

Во Скопје и околината исто така продолжува променливото време со повремени врнежи од дожд. Од утре ќе започне да дува и умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, а температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 17 и 18 степени.

За Африканска топлина и понатаму ќе се изначекаме. Засега нема на видик таков топол бран, како што доликува за овој период од годината. Постојат некои услови дека и до самиот крај на овој месец да не очекуваме никаков Африкански топлотен бран.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!







Занимливости