До крајот на овој викенд сончево и невообичаено топло за март!
До крајот на овој викенд останува стабилното, суво и натпросечно топло време во нашата Република Македонија. Ќе биде претежно сончево со појава на мала локална облачност. Сето ова е поради влијанието на топлата воздушна маса која продира од југ кон нашата Македонија и целиот регион.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 25 степени, додека во Скопје и околината таа ќе се искачи до близу или околу 25 степени.
Да напоменам дека овие температури кои ги имаме викендов се повисоки од просечните за овој период од годината, и тоа за 8 па се до 10 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by