До крајот на октомври невообичаено топло во Македонија, без најава за поголемо заладување!
До самиот крај на овој месец нашата територија ќе се наоѓа под влијание на јужно и на југозападно воздушно струење, како и на топла воздушна маса од југ. Токму ова ќе условува и понатаму да имаме невообичаено топло време за овој период од годината, а ќе биде спарно и мачно.
Во исто време од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и на песок.
Дестабилизирање на атмосферата ќе има во среда доцна попладне и во текот на ноќта кон четврток, како и во четврток кога ќе има повремени врнежи од дожд и тие локално ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи.
И во следниот период ќе дува јужен и југозападен ветер, и тој повремено ќе засилува на интензитет.
Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 16 степени, а преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 20 и 27 степени.
Во Скопје и околината температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 23 и 25 степени.
НАПОМЕНА: Ваквите временски услови и понатаму особено неповолно ќе влијаат врз метеопатите, каде се можни позначителни здравствени проблеми.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Утринава речиси насекаде во Македонија имавме минусни температури, но од друга страна, облачноста од запад полека се зголемува и истата е знак на новиот ладен и влажен бран кој од денес попладне ќе ја зафати нашата Македонија. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со -5 степени, додека највисока температура од 1 степен е измерена во Претор и [...]