До крајот на денов многу топло – Без потреба не излегувајте во најтоплиот дел од денот
До крајот на денов во Македонија останува многу топло и тоа поради влијанието на многу топлата воздушна маса од северните предели на Африка. Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Температурите пак до крајот на денов ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени, во Скопје температурата денес ќе достигне до максимални 36 степени.
Ув индексот ќе има многу висока вредност 9, па токму поради ова апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија Понеделник 18 Мај 2026 донесе ведро и свежо време со умерена локална облачност. Температурите насекаде беа под просекот за месец Мај. Најсвежо ова утро со 2 степени беше на Попова Шапка а пак највисока минимална температура од 14 степени ова утро беше измерена во Гевгелија. На табелата која утрово ја објави УХМР можете да [...]


by