ДО КРАЈОТ НА ОВАА СЕДМИЦА НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛО ВРЕМЕ – НО ОД ЧЕТВРТОК ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, ПОГЛЕДНЕТЕ ЗА КАКВА ПРОМЕНА СТАНУВА ЗБОР…

објавено на:

21 Фев 2023

од:

сподели:

До крајот на оваа недела во Македонија ќе се задржи НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛОТО време за овој период од годината и тоа поради влијанието на топлата воздушна маса која продира од југ.

Времето ќе биде претежно сончево, додека од четврток облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за локален слаб дожд. Исто така од четврток ќе започне да дува ветер од јужен и од југозападен правец и истиот особено за време на викендот ќе биде ЗАСИЛЕН на интензитет.

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 5 степени, доека во југоисточните предели истите се очекува да се движат и до околу 10 степени. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени, а во централните и во југоисточните предели температурите се очекува да се искачат дури и над 20 степени (односно до 22 степени).

Во Скопје  и околината продолжува периодот на НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛО време за овој период од годината. Ќе биде претежно сончево со повеќе облачност од четврток кога ќе започне да дува и ветер од јужен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 18 и 20 степени.

Ако состојбата со времето продолжи вака подолг период оваа година ЗНАЧИТЕЛНО ПОБРГУ ќе имаме будење на природата.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!







Занимливости