ДНЕВНА МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА УТРЕ (ЧЕТВРТОК) Полека растат условите за попладневен развој на грмотевични облаци – Можно е краткотрајно невреме

Утре (четврток) полека во попладневните часови ќе започнат да растат условите за разој на локални грмотевични облаци во Македонија. Најпрвин условите за ваква појава особено ќе започнат да растат во планинските региони, но и во оние населени места кои се во близина на планините.

Од овие грмотевични облаци се очекува локална појава на пороен дожд, грмежи и краткотрајно засилен ветер. Не се исклучува можноста  и за краткотрајна појава на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, краткотрајно силен ветер и со услови за појава на град.

И во делови од Скопскиот регион во четврток попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие остануваат екстремно високи и речиси насекаде ќе наминуваат 35 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина тие ќе се искачат до 40 степени, но понекаде тие ќе надминуваат и 40 степени.







Занимливости