ДНЕВНА МЕТЕО АНАЛИЗА: Утре многу сонце и топло, попладне ретка нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи

Утрешниот петочен ден ќе го поминеме со многу сонце и малку облачност, а и ветерот ќе го има многу помалку за разлика од денешниот ден. Сепак во попладневните часови постои веројатност за ретка нестабилност, проследена со пороен дожд и ретки грмежи.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени, во Скопје до околу 27-28 степени.

Веќе за време на викендот повторно очекуваме голема нестабилност и обилни врнежи на повеќе места, но сепак детална анализа околу ова очекувајте во следните наши метео објави.







Занимливости