ДНЕВНА МЕТЕО АНАЛИЗА: До крајот на денов накратко ќе имаме повеќе облачност – Се очекува локална појава на пороен дожд и грмежи
До крајот на денов од југозапад над нашата територија ќе поминува облачна воздушна маса која повремено и локално ќе дава слаби врнежи од дожд. Во попладневните часови, и тоа особено во северозападните предели од државава, делови од Скопската котлина, како и во јужните предели од државава ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени, а во Скопје до околу 29 степени.
Услови за ретка појава на попладневен пороен дожд и грмежи ќе има и утре, но со тоа што утре ќе имаме многу повеќе сонце.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Територијата на Македонија во изминатите 24 часа до 8 часот утрово 22 април 2026 среда се наоѓаше под влијание на ладен атмосферски фронт кој се спушта од север и истиот услови над нашиот дел од Европскиот Континент да се формираат големи влажни воздушни кои насекаде условија да имаме врнежи од дожд повремено обилни особено и најобилни врнежите беа во [...]


by