ДЕТЛИ ЗА ТОА КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ЗА ВРЕМЕ НА НОВОГОДИШНАТА НОЌ!

објавено на:

22 Дек 2022

од:

сподели:

Продолжува подолгиот период на стабилно, суво и сончево време. Во ноќните, утринските и претпладневните часови по котлините ќе има појава на магла и значителна ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Температурите во следниот период ќе бидат во ПОРАСТ, особено за врме на викендот и истите ќе бидат НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.

Во најтоплите југоисточни предели температурата можно е да се искачи дури и над 15 степени.

Напомена: Во котлините со магла или ниска облачност температурата ќе остане пониска.

ПРВИЧНИ АНАЛИЗИ ЗА ВРЕМЕТО ЗА НОВОГОДИШНАТА НОЌ: Барем отсега гледано, за време на новогодишната ноќ не очекуваме врнежи од снег, а ќе биде и натпросечно топло. Промени во прогнозата и понатаму очекуваме, но какви промени ќе бидат останува да видиме.

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!

 








Занимливости

  • 10 Јул 2025

    По екстремно високите летни температури, делови од австриските Алпи повторно се покриени со снег. Во планинските региони се регистрирани обилни снежни врнежи, при што на повисоките места падна од 30 до 80 сантиметри свеж снег. Најмногу снег падна во Зилерталските Алпи, како и во групите Глокнер и Венедиџер, на надморска височина околу 2800 метри. Во комбинација со силните северни [...]