ДЕТАЛНА НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: Најпрво потопло и суво, потоа нов силен продор на поларниот вртлог од север!
Првите три денови од новата седмица ни носи стабилно, суво и потопло време со повеќе сонце, иако повремено ќе има и облачност над Македонското небо. Наутро и понатаму ќе биде релативно студено со минимални температури на воздухот кој на повеќе места ќе се спуштаат до околу нулата, а понекаде тие ќе се спуштат и за некој степен под нулата.
Најтопло ќе биде на средината од седмицата кога максималните дневни температури на воздухот ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени. Тогаш ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец.
Сепак ова затоплување ќе трае многу кратко. Веќе од четврток доцна попладне и навечер следува нова голема промена на времето и нов голем бран на врнежи од запад. Од петок, па во деновите потоа поради нов голем продор на поларниот вртлог од север очекуваме ново големо заладување на времето и поинтензивни врнежи од дожд и снег, како и значителна снежна покривка на планините и на Скијачките центри.
Со овој продор на студен бран снег барем одсега гледано би можело да има и во градовите. Што значи по краткотрајното затоплување, повторно ни следува вистинска зима.
И во Скопје и околината очекуваме слично време, најпрвин потопло и суво, а потоа од петок нови врнежи и големо заладување на времето.
Со овој нов продор на поларниот вртлог од север, очекуваме и минусни температури како и појава на мраз, но и засилен северен ветер.
Допрва ќе го анализираме времето околу оваа голема промена на времето која е на повидок наскоро, со што понатаму следуваат нови и по потреба обновени метео анализи.
- Мораме да напоменеме дека со доаѓањето на силниот поларен вртлог од север, да го заследете и мојот одличен пријател и колега од Хрватска Дино Дундиќ, и неговата фејсбук страница Pogled na klimu i njene promjene by Dino Dundic
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во изминатите 24 часа речиси насекаде во Македонија имаше врнежи од дожд со променлив интензитет, што значи дека повремено врнежите беа пообилни. Најмногу дожд во последните 24 часта, односно до 7 часот утринава наврнаа во Лазарополе, и тоа 29 литри на метар квадратен дожд. На табелата можете да ги погледнете измерените минимални температури во текот на денешното утро, односно [...]