Денот (вторник 14 октомври) искористете го максимално, доаѓа промена на времето

Денот вторник (14 октомври) во нашата Македонија ќе помине во знакот на стабилно, суво и сончево време со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утрото ќе биде ладно со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени, а преку денот температурите ќе бидат малку под просекот за овој период од годината и тие ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени.

Во Скопје и околината ќе имаме сончево време со појава на мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Наутро температурата ќе се спушти до околу 7 степени а максималната температура ќе се искачи до околу 17 степени.

Веќе од среда (15 октомври) попладне  и навечер ни следува нова поголема промена на времето, ќе бидеме под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот и истите ќе ни донесат почести врнежи од дожд, повремено пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање. Во следните мои метео објави следува детална метео анализа токму околу оваа нова промена на времето.







Занимливости

  • 16 Ное 2025

    Поради интензивните врнежи од дожд и силните ветрови што ја погодија Лигурија, во тој италијански регион беа регистрирани околу 252 интервенции на пожарникари. Најголем број интервенции имаше во Џенова, каде што врнежите достигнаа 95 мм за 12 часа. Прогнозите предвидуваат понатамошно влошување на временските услови, со повеќе врнежи во наредните часови, објавува RAI Uno. Во областа Алта Версили, во [...]