Денот недела (16 Ноември) стабилен, сув и натпросечно топол кај нас
Денот недела (16 Ноември) во нашата Македонија ќе ни донесе стабилно, суво и претежно сончево време со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Постепено зголемување на облачност од запад очекувам во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник (17 Ноември).
И во Скопје и околината денот недела (16 Ноември) ќе ни донесе сончево и топло време со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Што се однесува до температурите тие ќе бидат натпросечно високи за ноември и речиси насекаде ќе надминуваат 15 степени а во централните и во југоисточните предели тие ќе се искачат до околу или ќе надминат 20 степени. И во Скопје и околината температурата ќе се искачи до близу 20 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by