ДЕНЕШНОТО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА МНОГУ СТУДЕНО: Измерена најниска температура од -11 степени
Утрово во најголем дел од Македонија имаме ведро и сончево време, а денешното утро беше многу студено, па така најстудено до 7 часот утринава беше на Попова Шапка каде се измерени -11 степени. Од градовите најстудено беше во Берово со -7 степени, а највисока минимална температура денес е измерена во Гевгелија, и тоа 3 степени.
Висината на снежната покривка до 7 часот утринава изнесуваше 52 сантиметри на Попова Шапка, и 44 сантиметри во Маврово.

На табелата можете да ги погледнете и останатите минимални температури измерени утринава по градови и места во Македонија до 7 часот, и тоа на мерните станици на УХМР.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Вечерва во Македонија имаме ладно време со температури кои во најголем дел се под нулата и има појава на слана и на мраз. Времето е претежно ведро со мала локална облачност а дува и слаб до умерен ветер претежно од источен правец. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени вечерва до 21 часот во Македонија.


by