Денешното утро во Македонија донесе многу студено време со најниска температура од -8 степени, следува стабилно време со многу сонце!
Денешното понеделничко утро во Македонија беше многу студено, па така до 7 часот утринава од градовите најладно беше во Берово со измерени -8 степени, додека во исто време највивоска минимална температура беше измерена во Гевгелија, и тоа 4 степени.
Инаку утринава и претпладнево насекаде имаме ведро и сончево време.

На табелата моете да ги погледнете и останатите температури измерени утринава до 7 часови по градови и места во Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.
За време на новогодишната ноќ, како и на 1 јануари 2025 (среда) ќе имаме стабилно, суво, ведро и сончево време. По котлините, особено оние кои се наоѓаат во Повардарието ќе има појава на магла и ниска облачност, особено во ноќните и во утринските часови. На 1 јануари 2025 (среда) температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 14 степени, а пониски дневни температури ќе имаат котлините со магла и со ниска облачност.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Вечерва во Македонија имаме локални врнежи од дожд а на повисоките планини со надморска височина од над 1400/1500 метри врнежите се од снег. Табелата која ја објави вечерва УХМР може да ги видите измерените температури по градови и места во Македонија до 19 часот. Инаку на Попова Шапка снежната покривка изнесува над 60 сантиметри.


by