Денешното утро потопло од вчерашното, од запад започнуваат врнежите.

Денешното утро во нашата Република Македонија ни донесе зголемена облачност која е поврзана со големата циклонска активност со центар над Џенова. Веќе од запад започнуваат и врнежите од дожд.

Сепак за разлика од вчера, денешното утро и тоа поради облачноста  и врнежите во западните предели донесе повисоки минимални утрински температури на воздухот. На табелата можете да ги видите температурите измерени ова утро до 8 часот по градови и места во нашата Македонија како и наврнатото количество на воден талог  во литри на метар квадратен  во изминатите 24 часа исто така до 8 часот утрово, и тоа на мерните станици на УХМР.







Занимливости