Денешното утро (недела 15 јуни) значително свежо во Македонија!
Ова утро (недела 15 јуни) во нашата Република Македонија имаме значително свежо време речиси насекаде, а времето е ведро и сончево насекаде. Најниска температури од само 6 степени е измерена во Лазарополе.

На метеоролошката карта можете да ги видете температурите измерени ова утро во нашата Македонија.
Инаку пред нас е уште еден стабилен, суво и сончев ден, со релативно пријатни температури на воздухот кои ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени, додека во Скопје и околината максималната температура денес ќе се искачи до околу 31 степен.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]


by