Денешното утро ладно во Македонија, измерена е најниска температура од 1 степен!
Во овие претпладневни часови во нашата Република Македонија од југозапад полека облачноста се зголемува, што е знак за надоаѓањето на најавениот влажаен бран од Медитеранот од моја страна.
Инаку утринава беа измерени уште пониски температури за разлика од изминатите утрини.

На табелата можете да ги видете измерените минимални денешни температури по градови и места во Македонија, и тоа до 8 часот утринава, на мерните станици на УХМР. Може да се види дека најладно утринава беше во Лазарополе со температура од 1 степен. Инаку, речиси насекде утрово се мереа температури од под 10 степени, а на повисоките места и на планините и под 5 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]


by