Денешното претпладне донесе скоро 70 сантиметри снег на Скијачките центри, Во Дебар околу 35 сантиметри – Доаѓа нов снежен бран!
Скоро 70 сантиметри снег ова претпладне имаме на Попова Шапка, околу 60 сантиметри во Маврово, Близу 40 сантиметри во Крушево, во Дебар пак имаме околу 35 сантиметри снежна покривка. Најниска температура ова утро е измерена на Попова Шапка, и тоа -10 степени, додека од градовите најниска температура е измерена во Крушево, и тоа -8 степени и во Берово -5 степени.
На табелата можете да ги погледнете и останатите температури, но и измерената снежна покривка по градови и места во Македонија до 7 часот утринава, и тоа на мерните станици на УХМР.
Инаку, во текот на денов од југ ќе навлезе нов влажен бран, кој ќе се помеша со многу ладниот воздух кој владее во Македонија, со ова ќе имаме нови врнежи од снег на повеќе места низ Македонија, пообилни во јужните и во југозападните предели, со што ќе дојде до понатамошно зголемување на снежната покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец, па така ќе има појава на снежни наноси.
Денес температурите ќе се искачуваат во интервалот само од -5 до 3 степени, во Скопје максималната температура денес ќе се искачи до околу 0 степени, а ќе има и послаби врнежи од снег, проследени со слаб до умерен ветер од северен правец.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Полека од север кон нашата Македонија пробива влажниот и ладен воздух, кој понатаму ќе условува кај нас врнежи од дожд, снег, северен ветер, како и зголемување и проширување на снежната покривка. На картата можете да ги погледнете измерените температури во овие рани утрински часови низ нашата Република Македонија.