Денешниот ден во Македонија беше релативно студен, измерена е највисока снежна покривка од 51 сантиметар

Денешниот, веќе изминат ден во Македонија помина во знакот на стабилно и суво време, односно времето беше променливо облачно со сончеви периоди и релативно студено, со температури кои речиси насекаде беа под 10 степени.

Најтопло до 16 часот според УХМР беше во Гевгелија со измерени 13 степени, а најстудено беше во Крушево со 3 степени. Во Скопје температурата денес се искачи до 8 степени на Зајчев Рид, додека на Скопје Петровец таа изнесуваше 11 степени.

На табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени во Македонија до 16 часот попладнево, и тоа на мерните станици на УХМР. Инаку, снежната повкривка изнесува 51 cм во Маврово, 41 cм на Попова Шапка, 26 cм во Крушево, и  12 cм во Лазарополе.







Занимливости