Денешниот ден ќе биде многу ветровит – Попладне повторно локална појава на пороен дожд и грмежи
Почитувани, денешното утро донесе најниска температура од 12 степени во Берово, додека во Гевгелија се измерени 18 степени, исто температура од 18 степени утринава беше измерена и во Демир Капија.

На картата погоре можете да ги погледнете и останатите минимални температури измерени утринава во Македонија.
Инаку денес во попладневните часови повторно ќе имаме локална појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Можна е и поретка појава на невреме, проследено со силен ветер и со појава на град. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени.
Да напоменеме дена во текот на денешниот ден ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).
Може ќе ве интересира
Занимливости
Вечерва во Македонија имаме локални врнежи од дожд а на повисоките планини со надморска височина од над 1400/1500 метри врнежите се од снег. Табелата која ја објави вечерва УХМР може да ги видите измерените температури по градови и места во Македонија до 19 часот. Инаку на Попова Шапка снежната покривка изнесува над 60 сантиметри.


by