Денес во регионот се мереа неверојатни пролетни 23 степени – Следува силен продор на поларниот вртлог од север!

По снежниот бран, набргу ни пристигнаа и вистински пролетни температури, па така во земјите од регионот денес се мереа неверојатни 23 степени. Сепак мора да напоменеме дека во следните часови ќе дува силен јужен ветер (повремено со брзина од над 80 км/час), и истиот би можел да направи проблеми, но и штети.

И во Македонија во следните часови ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина до околу 60 км/час).  Температурите во следните два дена ќе бидат значително над просекот за овој период од годината, и во најтоплите предели од државава тие ќе се искачат дури до околу 20 степени.

Во следниот период кај нас не очекуваме некои нови позначителни врнежи од дожд, само во недела можна е појава на слаби локални врнежи од дожд.

НАПОМЕНА: Во земјите од регионот од недела се очекува силен продор на поларниот вртлог од север кој ќе ги спушти темпратурите под нулата (се очекува температурната разлика да биде поголема од 20 степени). Токму поради ова кај метеопатите се можни значителни здравствени проблеми. Се очекува и провејување на снег.

Кај нас во Македонија од понеделник ќе има пад на температурите, но нема да биде толку многу изразен за разлика од земјите во регионот. Температурите остануваат над нулата, освен наутро и во ноќните часови кога само понекаде температурата ќе се спушти за некој степен под нулата.

  • Инаку до крајот на овој месец секако дека треба да се очекува продор на посилен студен бран од Арктикот кој би условил вистинска зима и врнежи од снег, не само во регионот, туку и во Македонија. Зимата допрва почнува, и ќе биде долга!

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!







Занимливости