Денес во Македонија се измерени пролетни дури речиси 20 степени, но, по котлините беше магливо и многу поладно

Денес во Македонија имавме навистина пролетен ден, но не насекаде. Во многу котлини и денес беше магливо и многу ладно, а многу потопло беше на повисоките места, планините  и на Скијачките центри каде температурите се искачија дури до 15 степени, а најтопло беше во Гевгелија денес со максимална температура од дури 19 степени.

На картата можете да ги погледнете температурите измерени денес во Македонија и максимални температури за денес, по градови и места. Инаку, големата температурна инверзија ќе продолжи и во следните денови, па така на повисоките места, планините  и на Скијачките центри ќе биде многу потопло, за разлика од котлините каде ќе биде ладно и понатаму многу магливо.

Поради значително потоплото време на повисоките места, планините и на Скијачките центри, и во следниот период ќе продолжи значителното намалување на снежната покривка.







Занимливости