Денес во Македонија се измерени максимални 29 степени, во регионот дури и 32 степени!
Денешниот ден (сабота 15 март) беше најтоплиот ден од овој топол мартовски бран од југ кој ја зафати нашата Македонија и регионот. Најтопло денес беше во Битола и во Тетово со измерени дури 29 степени. И денес дуваше засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец.
Поради силното јужно и југозападно струење на висина, над Македонија сеуште е присутна Сахарската прашина и песок, па затоа и Атмосферата е значително заматена, а времето е мачно и спарно.

На Метеоролошката карта можете да ги погледнете денешните максимални дневни температури измерени низ Македонија.
Инаку во регионот, односно јужно и југоисточно од нас, во соседна Грција, како и во Турција локално се измерени температури до, па и над 30 степени, во делови од овие држави се измерени дури и 32 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден (Сабота 15 ноември) во нашата Република Македонија помина во знакот на натпросечно топло време за овој период од годината и со стабилно, суво и претежно сончево време со мала облачност и со слаб ветер од јужен правец. Нашата Македонија е под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) кој од југ и југозапад продира кон нашиот дел од [...]


by