Денес во Македонија измерена екстремно висока температура од 40 степени, од утре температурите ќе надминуваат 40 степени
Денес најтопло во Македонија беше во Демир Капија со измерена максимална температура во 17 часот попладнево од 40 степени. Во Скопје максималната температура денес се искачи до 38 степени. Во продолжение на табелата погледнете ги и останатите температури измерени по градови и места во Македонија попладнево во 17 часот, и тоа на мерните станици на УХМР
Од утре (вторник 13.8.2024) ќе биде уште потопло кога во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина температурите ќе надминуваат 40 степени, односно тие ќе се искачат до околу 41, 42 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Метеоролошкиот феномен Ла Ниња кој носи поладно и поврнежливо време во нашиот дел од Европскиот Континент ќе продолжи и ќе го имаме во текот на целата оваа 2025 година, што значи оваа 2025 година кај нас ќе биде поладна, поврнежлива и со чести временски непогоди, а можни се и екстремни количества на врнежи кои би можеле да условат и [...]
Балкан / Европа / Занимливости / Македонија / Прогноза