Денес во Македонија беше најтоплиот ден досега ова лето!
Денешниот ден во Македонија беше најтоплиот досега ова лето. Веќе подолг период нашата територија се наоѓа под влијание на голем топлотен Африкански бран кој условува екстремно високи температури на воздухот, но и екстремно висок Ув индекс кој има вредност 10.
Во продолжение следуваат измерените максимални температури на воздухот во Македонија во текот на денешниот ден:
Денес во Охрид беа измерени 35 степени, во Прилеп 36 степени, во Битола и во Виница беа измерени 38 степени, во Гевгелија 39 степени, во Скопје – Петровец, како и во Скопје – Зајчев рид 40 степени, во Кавадарци 41 степен, и најтопло денес беше во Демир Капија каде беа измерени дури 42 степени.
Напомена: Горе наведените измерени максимални температури на воздухот низ Македонија се измерени под сенка, додека на сонце истите беа многу повисоки.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден (Сабота 15 ноември) во нашата Република Македонија помина во знакот на натпросечно топло време за овој период од годината и со стабилно, суво и претежно сончево време со мала облачност и со слаб ветер од јужен правец. Нашата Македонија е под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) кој од југ и југозапад продира кон нашиот дел од [...]

by