ДЕНЕС (СРЕДА) ЌЕ ИМАМЕ ПРОМЕНЛИВ И ТОПОЛ ДЕН: Локално ќе има појава на пороен дожд и грмежи!
Во текот на денешниот ден (среда) од запад и од северозапад над нашата Македонија ќе поминува облачна воздушна маса, што значи дека повторно очекуваме повеќе облачност, но и покрај ова ќе има и повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец, и особено во Пелагониско истиот повремено ќе засилува на интензитет.
Особено во попладневните часови, и тоа претежно во северните и во северозападните предели од државава ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. И во Скопскиот регион денес (среда) времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, додека во попладневните часови во делови од регионот ќе има услови за краткотраен пороен дожд проследен со ретки грмежи.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени. Во Скопје максималната дневна температура денес ќе се искачи до околу 28 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во изминатите 24 часа Македонија беше под влијание на нов голем влажен бран од југ и истиот насекаде услови да имаме врнежи од дожд и тие особено пообилни беа во западните и во јужните предели. На високите планини над 1700/1800 метри надморска височина врнежите од дожд преминаа во врнежи од снег. Најмногу дожд во изминатите 24 часа до 7 [...]


by