Денес попладне на повеќе места пороен дожд и грмежи, а можна е и појава на ситен град!
Денес во попладневните часови на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Не се исклучува можноста и за ретка појава на ситен град.
Во делови од Скопскиот регион исто така ќе има услови за пороен дожд и грмежи.
На планините со надморска височина од над 1400 – 1500 метри ќе има врнежи оед снег, а температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени.
Заследете ја мојата официјална фејсбук страница Славчо Попоски – МЕТЕО Прогнозер и мојот официјален инстаграм профил https://www.instagram.com/slavchopoposki/

Потоа за време на викендот очекуваме краткотрајна стабилизација на времето, а ќе биде и потопло, додека нов бран на врнежи се очекува од понеделник.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Облачно со релативно високи температурите е денешното утро во нашата Македонија а локално се бележат и послаби врнежи од дожд а само на високите планини во западните предели провејува снег. Најмногу дожд до 3 часот утрово има наврнато во Гевгелија и тоа 15 литри дожд. На првата метеоролошка карта можете да ги видите температурите измерени во овие утрински часови [...]


by