ДЕНЕС ИМАВМЕ ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ – НА ОВАА ПЛАНИНА НАВРНАА НОВИ 30 САНТИМЕТРИ СНЕГ!
Во денешните рани утрински часови од југозапад во Македонија навлезе нов влажен бран кој на повеќе места услови нови врнежи од дожд. Најмногу дожд за време на овој влажен бран наврна во Претор и во Прилеп, и тоа 12 литри. На другите места врнежите бела помали.
На Шар Планина пак, поточно на Скијачкиот центар Попова Шапка наврнаа нови 30 сантиметри снег:

Најстудено утринава беше во Лазарополе и во Маврово. Во Лазарополе беа измерени -2 степени, додека во Маврово 0 степени. Постудено единствено беше на планинските места со голема надморска височина. Најниска максимална температура денес беше измерена во Охрид и во Битола, и тоа 9 степени а највисока максимална температура е измерена во Струмица, и тоа 12 степени.
Снежна бајка денес имавме и на планинскиот превој Стража, што значи како што најавивме снежната граница денес се спушти до околу 1300 метри.
Од утре температурите полека ќе се покачуваат, но сеуште ќе има појава на повремен локален дожд со послаб интензитет. Следната седмица пак температурите ќе бидат ПРОЛЕТНИ, а ќе дува и југозападен ветер кој повремено ќе засилува на интензитет.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]

by